ТФТ ги задржа Николов и Стојанов уште три сезони

Екипата на ТФТ задржа двајца македонски кошаркари за следната сезона и со нив потпиша нови долгорочни договори.

Страхил Николов и Михаил Стојанов остануваат дел од клубот на Тафталиџе и во следните три сезони. Николов е роден во 2000 година и настапува на позицијата крилен центар, додека Стојанов е 2004 година и е плејмејкер.

Николов доби поголема минутажа од Стојанов на изминатите натпревари, но двајцата се во плановите на тренерот Смилковски. Минатата сезона Николов одигра 31 натпревар во домашното првенство и 13 во АБА 2 лигата, со ефект од 8 поени и 5 скока.