• Горан Упале

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје продолжува да го засилува својот ростер во пресрет на главната фаза во домашниот шампионат и Купот на Македонија.
Нов член на амбициозниот клуб од Тафталиџе е Алекс Котов, руски кошаркар кој ги покрива позициите четири и пет. Русинот во ТФТ пристигнува од тимот на Уралмаш, тим кој што се натпреварува во ВТБ лигата.
Претходно Котов беше дел од два универзитети во САД, Илиноис и Кемпбел, а своето деби во новиот клуб најверојатно ќе го има против Работнички овој викенд.
По 16 одиграни кола во домашниот шампионат ТФТ е на втората позиција на табелата со два порази помалку од шампионот МЗТ Скопје.