• Мартин Танасковски

Американскиот кошаркар Џелани Симонс е првото засилување за ТФТ Моцарт за следната сезона.
Кошаркарот има 24 години, висок е 197 сантиметри и може да ги покрие крилните позиции. Минатата сезона Симонс ја помина на Универзитетот Јужна Индијана, во чиј дрес на 32 натпревари просечно постигнува по 13,4 поени, 3,6 скока и 1,5 асистенции.
Симонс е првото од повеќето странски засилувања кои се очекуваат во ТФТ во следниот дел од сезоната, воедно и прво во мак-баскетот за следната сезона, ако се земе предвид дека сезоната уште е во тек и се игра финалната серија.
Клубот работи на ростерот, а се очекува да ги задржи скоро сите останати македонски играчи, а промени да има кај странците.