ТФТ аплицира за европско место, сака во Лигата на шампионите!

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ испрати апликација за настап во Европа, во сезоната која следи на програмата.

Официјално тафталиџани аплицираа за место во квалификациите во Лигата на шампионите на ФИБА. Според пропозициите, ТФТ има право за апликација како Куп-освојувач и ја искористи.

Конечниот список на учесници ќе биде познат кон крајот на месецот. Ако ТФТ заврши во квалификациите и доживее елиминација, тогаш ќе добие место во групната фаза на Европа Купот на ФИБА.

ТФТ минатата сезона го оствари најголемиот успех. Влезе во плеј-офот во лигата, а го освои и Купот на Македонија, прва титула во историјата на клубот.