• Иван Димовски
Милвоки Бакс доби сериозен удар на стартот од НБА-плејофот откако Дејмијан Лилард заработи тешка повреда против Индијана Пејсерс.
Лилард без контакт со противник падна на паркетот и веднаш побара замена, а првичните најави не се оптимистички. Американските медиуми шпекулираат дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива, што би можело да ја доведе во прашање и неговата кариера.
Несреќата за Лилард доаѓа непосредно по враќањето од едномесечна пауза поради проблеми со тромбоза. Иако се надеваше на успешен камбек, 34-годишниот бек повторно се соочи со тежок предизвик.
Во регуларниот дел од сезоната, Лилард имаше просек од 24,9 поени, 7,1 асистенција и 4,7 скока на 58 одиграни натпревари.