Тешка сообраќајка на Кузмиќ, кошаркарот пренесен во болницата во Бања Лука

Рано утрово српскиот кошаркар и летно засилување на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ претрпе тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Бања Лука - Приједор. Полициската управа во Бања Лука ја потврди веста, а кошаркарот е пренесен во болницата во овој град со повреди на градниот кош.

Црвена Звезда на својата интернет страница ја потврди сообраќајната незгода на Кузмиќ, а од полициските фотографии може да се види дека возилото во кое бил Кузмиќ е целосно уништено. Џип Порше со две лица, меѓу кои и Кузмиќ, удрил во BМW во 5:00 часот наутро. Автомобилот на Кузмиќ целосно летнал од патот.

Полицијата изготви извештај и истрагата е во тек. Здравствената состојба на Кузмиќ е подобра, но се очекуваат детални информации за повредите. 

Овој кошаркар летово од Реал Мадрид се врати во Црвена Звезда како дел од неколкуте големи засилувања за враќање во Евролигата.