• Саше Љолес
Кошаркарската АБА лига од следната сезона официјално ќе има 16 екипи кои ќе се борат за престижниот трофеј.
Следната година во АБА лигата ќе се натпреваруваат истите 14 екипи кои играат и оваа сезона, а кон нив ќе се приклучи шампионот на АБА 2 лигата, како и новиот тим на Дубаи.
Одлуките се донесени на генералното собрание на АБА, каде својот глас го дадоа девет од вкупно единаесет клубови. На собранието не присуствуваа само претставниците на белградски Партизан и Будуќност од Подгорица.
Ова значи дека нашиот претставник во плеј-офот на АБА2, МЗТ Скопје, ќе има исклучително тешка задача за евентуален влез во елитното друштво. „Аеродромци“ ќе го стартуваат разигрувањето со четвртфиналниот двомеч против Широки. Првиот е на програмата на десетти април.