Тепиќ се врати во српското првенство и потпиша со Мега

Тепиќ

Екипата на Мега Бемакс доби големо засилување во пресрет на новата сезона. Се работи за поранешниот српски репрезентативец Миленко Тепиќ.

33-годишниот плејмејкер доаѓа од редовите на Ираклис каде настапуваше една сезона.

Во богатата играчка кариера, српскиот кошаркар настапуваше за Војводина, Партизан, Панатинаикос, Севиља, Лиетвус Ритас, ПАОК, Орландина, Бриндизи и Варезе.

Најголем успех на репрезентативно ниво му е среброто на Европското првенство 2009 година во Полска.