• Саше Љолес

Кошаркарот на Партизан, Џејмс Нанели, предизвикал голем скандал пред соблекувалните во белградската „Штарк Арена“, јавуваат регионалните медиуми.
Инцидентот се случил кога играчот на Црвена Звезда, Стефан Лазаревиќ, го прашал Американецот зошто го давел на последниот натпревар од АБА-финалето, по што Нанали „одговорил“ со директен удар во лицето.
Двете екипи имаа шутерски тренинг во салата, а инцидентот се случи во моментот кога играчите се разминуваа во подтрибинскиот простор, пишува „Меридијан спорт“. Лазаревиќ добил посекотина над левото око, а тоа е потврдено и со фотографијата која ја објави неговиот клуб.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете на ОВОЈ линк.
Црвена Звезда бара дисциплинска постапка против Нанели и негово исклучување од финалната серија, а конечната одлука би требало да биде донесена наскоро. Доколку добие суспензија, Американецот сигурно нема да може да им помогне на своите соиграчи на третиот натпревар против „црвено-белите“. Партизан има негатива од 2-0 во полуфиналната серија.