Теодосиќ ќе игра за Србија, па потоа ќе одлучува за својата иднина

Теодосиќ

Изминатата недела Милош Теодосиќ доби отказ од екипата на Лос Анџелес Клиперс. Тоа не беше изненадувачка одлука со оглед на тоа што од поодамна беше познато дека Док Риверс не „верува“ во него и нема да го користи во новата НБА сезона.

Капитенот на српската репрезентација го искористи тоа и се стави на располагање на селекторот Александар Ѓорѓевиќ и најверојатно ќе биде дел од квалификациските средби за Светското првенство против Естонија и Израел.

По февруарските натпревари во репрезентативниот дрес, српскиот плејмејкер ќе одлучува за својата иднина и екипата во која што ќе ја заврши сезоната.

Најблиску до потписот на 31-годишникот се екипите на Анадолу Ефес и Макаби Тел Авив.