Теодосиќ ја продолжи соработката со Болоња

Теодосиќ

Милош Теодосиќ ја прифати понудата и ќе остане во екипата на Болоња до 2023 година.

Српскиот кошаркар пристигна во тимот пред две години и вети дека ќе донесе шампионска титула. Тоа го направи во изминатата сезона кога беше МВП на италијанското првенство.

„Во јули 2019 година реков дека дојдов овде да победам и да станам италијански шампион. Во јули 2021 година велам дека останувам да победам повторно. Би сакал да му се заблагодарам на господинот Занети, знам што очекува од нас “, прокоментира Теодосиќ.

34-годишниот ветеран започна во ФМП, продолжи во Борац Чачак, а потоа се прослави во Олимпијакос, ЦСКА Москва и Лос Анџелес Клиперс.