Теодосиќ има милионска понуда, важна одлука пред српскиот кошаркар

Милош Теодосиќ

Почетокот на летото му припадна на Милош Теодосиќ и шпекулациите околу неговата иднина. Србинот одлучи да се врати во Европа, по двегодишната авантура во САД, па тоа предизвика борба на неколку европски клубови. 

Како што пишува реномираниот кошаркарски портал „Eurohoops“, 32-годишникот на маса има милионска понуда од Италија. Екипата на Виртус Болоња, каде прв тренер е српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ, подготвила договор од два до 2,5 милиони евра за две сезони.

Најголемиот проблем на италијанскиот тим е отсуството од натпреварите во Евролигата.

Управата на клубот се надева дека ќе го искористи српскиот тренер за да влијае на конечната одлука на плејмејкерот.