Теодосиќ и Боломбој заработија казни за инцидентите во Истанбул

Дисциплинската комисија на Евролигата одлучи да изрече суспензија за плејмејкерот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ, кој имаше жесток вербален дуел со судиите на натпреварот со Анадолу Ефес. 

Белградскиот гигант го забележа еден од најголемите порази во историјата (100-55), а Теодосиќ заработи исклучување по жестоките реакции кон арбитрите. Српскиот ветеран ќе мора да „одлежи“ казна од два натпревари во Евролигата, како и да исплати паричен надомест во висина од 15.000 евра.

Покрај Теодосиќ, казна заработи и Џоел Боломбој, кој е санкциониран со паричен износ од 2.500 евра поради агресивно однесување кон противнички играч. „Црвено-белите“ го завршија регуларниот дел од Евролигата со учинок од 11 победи и 23 порази.