• Саше Љолес
Анадолу Ефес го победи Панатинаикос во контроверзниот натпревар од евролигашкиот плеј-оф со конечни 76-79, а по натпреварот во расправија со домашните навивачи влезе и тренерот на турскиот гигант, Лука Банки.
Публиката беше крајно незадоволна од неколку судиски одлуки, а дел од навивачите му дофрлаа на Банки кога го напушташе паркетот, на што италијанскиот стратег не остана рамнодушен.
Luca Banchi got into heated arguments with PAO fans after Game 2 pic.twitter.com/VYXewBc9rb
— BasketNews (@BasketNews_com) April 24, 2025
За среќа, ситуацијата не ескалираше и тој веднаш беше спроведен во соблекувалните, но гневот на навивачите и на претседателот на ПАО, Дмитрис Јанакопулос, беше очигледен. Првиот човек на „детелинките“ со неколку видео-објави „распали“ по судиите од Евролигата, заканувајќи се дека неговиот клуб ќе го напушти натпреварувањето.
Анадолу Ефес ја израмни серијата против актуелниот европски шампион. Резултатот е сега 1-1, а третиот натпревар ќе се одигра на триесетти април.
Фото/Foto: Pedja Milosavljevic/SIPA