Темница во Куманово! Снема струја и пролонгиран е стартот на БИБЛ-финалето

Реванш дуелот од финалето во БИБЛ лигата помеѓу Куманово и Берое ќе доцни, бидејќи снема електрична енергија во салата во Куманово.

Имено, при почетокот на интонирање на химната на Бугарија во еден момент завладеа мрак, откако се угаснаа рефлекторите, а исто така надвор од функција се и другите електрични уреди.

Играчите и на двете екипи и понатаму се на теренот и се загреваат, користејќи ја малата дневна светлина, која влегува преку прозорците.