Темелковски се повлече од трката за претседател непосредно пред изборот

Кандидатот за претседател на Македонската кошаркарска федерација и актуелен директор во МКФ, Владимир Темелковски, вечерва неочекувано ја извести јавноста дека ја повлекува својата кандидатура пред утрешното собрание на кое ќе биде избран новиот претседател на федерацијата.

Темелковски откри дека причините се лични и дека е подготвен во иднина да помогне за доброто на кошарката. 

Утре напладне ќе биде извршен изборот во кој ќе влезе Перо Антиќ како единствен кандидат, но не е исклучена можноста актуелниот претседател Петар Наумоски пак да се кандидира.

Во текот на денот кошаркарските клубови Работнички, Гостивар и Пелистер јавно ја изразија поддршката за Антиќ во изборот.