Темелковски го доби Антиќ на суд, се враќа во кошаркарската федерација

Владимир Темелковски, поранешниот спортски директор во Кошаркарската федерација, а претходен кандидат за прв човек на мак-кошарката, ја доби правната битка на суд и ќе се врати да работи во КФСМ.

Темелковски доби отказ по доаѓањето на Антиќ, иако имал договор на неопределено, па реши да ја побара правдата на суд. Тој ја доби битката со Перо Антиќ и Кошаркарската федерација на Македонија и од четврток повторно се враќа на старото работно место.

Владимир Темелковски беше дел од Кошаркарската федерација за време на владеењето на Петар Наумоски.

  • Документот за враќање на Темелковски во федерацијата: