„Телетовиќ, од паркинг...“: Преносот по кој Балканот ќе го памети Авдиќ (ВИДЕО)

Кошаркарскиот свет во регионот остана без едно од најпрепознатливите имиња, откако ненадејно почина спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ.

Меѓу бројните натпревари што ги коментираше, посебно место има дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Литванија на Европското првенство во 2013 година. Тогаш „змејовите“ славеа со убедлива разлика, а Мирза Телетовиќ блескаше на паркетот.

Токму неговата тројка од голема дистанца ја предизвика една од најемотивните реакции на Авдиќ пред микрофонот, момент кој и денес често се споделува меѓу љубителите на кошарката.

Коментарот по кој милиони луѓе од целиот Балкан го запаметија Авдиќ беше: „Телетовиќ, од паркинг...“.