Телетовиќ има наследник: Муса ќе ги остварува соништата во Бруклин Нетс

Еден од најдобрите балкански кошаркари Џанан Муса својата кариера ќе ја продолжи во НБА-лигата каде ќе го носи дресот на Бруклин Нетс.

Муса, кој има 19 години и важеше за еден од најдобрите шутери во АБА-лигата, замина од Цедевита и најави дека ќе продолжи во најквалитетната светска кошаркарска лига. Наредна дестинација ќе му биде Бруклин Нетс, која го одбра кошаркарот како 29. пик на НБА-драфтот.

Во редовите на Бруклин, тој ќе биде наследник на својот сонародник Мирза Телетовиќ кој во тимот настапуваше од 2012 до 2015 година