Таис и Шредер ја „решија“ Франција и донесоа четвртфинале за Германија

Германија насловна

Репрезентацијата на Германија е вториот четвртфиналист на овогодишниот Евробаскет, откако го доби дуелот со Франција (84-81), иако беше благ аутсајдер во овој дуел.

Французите предводени од Диао и Де Коло одиграа доминантно во првата четвртина, која ја добија со +9 (19-10). Но, од тој момент започна да функционира офанзивата на германската репрезентација, која ги доби следните два периоди за да ја намали негативата на само еден поен (55-56).

Клучот за победата на Германците беше одличната игра во последните десет минути, кога одбраната одигра на потребното ниво и го ограничи офанзивниот ред на француските кошаркари. Одлична игра во завршницата прикажа Таис, кој ја водеше Германија кон конечна победа од 84-81.

Најефикасен на теренот беше Таис со 22 поени, а беше следен од одличниот Шредер, кој постигна 21 поен. Кај Французите имаше тројца расположени поединци, Фурние со 25 поени, капитенот Диао со 15 и Лаверњ со 13 поени.

Во четвртфиналето, Германија ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Шпанија и Турција, кој се игра утре со почеток од 17.45 часот.