• Саше Љолес
На кошаркарот на Виртус Болоња, Ахиле Полонара, му била дијагностицирана мелоидна леукемија, која директно ја напаѓа коскената срж, јавија медиумите на Апенините.
Полонара пред две години мина две операции поради тумор на тестисите, а сега се соочува со уште посериозна болест и ќе мора долго време да отсуствува од терените.
„Полонара во минатите неколку недели беше подложен на специјалистички и сериозни медицински испитувања, после кои е дијагностицирана мелоидна леукемија.
Тој во моментов е хоспитализиран во болницата „Орсола Малпиги“ во Болоња, каде веќе ја започна специјалната терапија. Му посакуваме брзо заздравување и му пожелуваме многу среќа“, стои во соопштението на Виртус.
Минатата сезона Полонара одигра 33 натпревари во Евролигата. Просечно на паркетот минуваше 16,2 минути и бележеше 4,8 поени и 2,8 асистенции.
ФОТО/PHOTO: Virtus Bologna