• Горан Упале
Тажнa вест го потресе кошаркарскиот свет, откако беше објавено дека на 80-годишна возраст почина Рик Аделман.
Тој беше легендарен американски кошаркарски тренер, поранешен НБА играч, член на „Куќата на славните“ и еден од најценетите тренери во историјата на лигата.
Тој е еден од десетте тренери со најмногу победи во историјата, со вкупно 1.042 победи, а само уште четворица тренери имаат подобар процент на победи. Тоа се Пет Рајли, Грег Попович, Џери Слоун и Џорџ Карл.
Аделман двапати играше НБА финале со Портланд Трејлблејзерс, го водеше легендарниот тим на Сакраменто Кингс со Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ, Крис Вебер и други, а работеше и во Голден Стејт Вориорс во средината на деведесеттите години од минатиот век.
Неговиот син, Дејвид Аделман, моментално е главен тренер на Денвер Нагетс.

