Таварес: Олимпијакос е конзистентен тим, ќе ни треба најдоброто од нас за победа

Реал Мадрид повторно е на чекор до титулата во Евролигата. Мадридскиот гигант по ланскиот пораз во Белград од Ефес, вечерва ќе има шанса да го врати најпрестижниот трофеј во клупските витрини, но за тоа ќе треба да се совлада моќниот Олимпијакос.

Валтер Таварес, вели дека пред нив ќе имаат конзистентен тим како Олимпијакос и дека ќе им треба најдоброто од нив за да извојуваат победа. 

„Кога почнавме во август 2022 година целта беше плеј-оф, па „фајнал-фор“, но еве сме во финалето. Имавме падови и подеми, се боревме заедно и ќе се обидеме да уживаме во секој момент и во финалето. Против нас имаме конзистентен тим како Олимпијакос и ќе ни треба најдоброто од нас за да извојуваме победа. 

Низ сезоната има многу ситуации. Сега ни недостигаат неколку кошаркари, но тоа не менува многу. Дали ќе играм помалку или повеќе е секундарно. Мојата задача е најмногу играта во одбрана и најмногу сум фокусиран на тој сегмент“, вели еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид.

Големото финале во Каунас започнува од 19:00 часот, а претходно за третото место ќе се борат поразените полуфиналисти Барселона и Монако.