• Горан Упале
Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со убедливи 3-1 во серијата против Детроит Пистонс, која што се игра во рамки од првото коло од плејофот во НБА лигата.
Во новиот судир во „Литл Сизарс Арина“, Никси ја добија драмата во завршницата и на крај заслужено славеа со минимални 93-94. Херој на победата за тимот од „големото јаболко“ беше Карл-Ентони Таунс, кој постигна тројка од далечина во последната минута за пресврт и голема победа на својот тим.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Џејлен Брансон со 32 поени и 11 асистенции, додека претходно споменатиот Таунс го завршија натпреварот со 27 поени и 9 скока. Кејд Канингем го предводеше Детроит со „трипл-дабл“ (25-10-10), а Тобијас Харис имаше 18 поени. Тим Хардавеј 14 поени, додека Џејлен Дуран доминираше во натпреварот со 17 скока.
Петтиот натпревар од серијата е закажан во вторник навечер (01:30 часот) во Мичиген.









