ВИДЕО: Татум со 46 поени обезбеди „мајсторка“ за Бостон, Голден Стејт го елиминира Мемфис

Татум

Џејсон Татум експлодира на гостинскиот натпревар кај Милвоки Бакс и го спаси Бостон Селтикс од елиминација во плеј-офот (95-108).

Актуелниот шампион не успеа да ја заврши работата на свој терен, па сега ќе мора да игра седми натпревар на гости. Јанис Антетокумбо беше одличен со 44 поени и 20 скока, но и тоа не беше доволно за Бакси. На секој негов поен одговор имаше од Татум, кој го заврши натпреварот со 46 поени и беше најзаслужен за конечниот триумф на Селтикси.

Грешка не направи Голден Стејт Вориорс кој со одлична серија во завршницата се пласира во западното конференциско финале со славјето над Мемфис Гризлис (110-96).

Гостите попуштија во последната четвртина, во која беа надиграни со двоцифрена разлика. Клеј Томпсон заврши со 30 поени, а неколку клучни тројки постигна и Стеф Кари, кој постигна 29 поени. Кај Гризлиси одличен беше Дилион Брукс со 30 поени. 

Голден Стејт за пласман во големото НБА финале ќе се надигрува со подобриот од седмиот меч меѓу Феникс Санс и Далас Маверикс.