ВИДЕО: Татум и Кари одиграа „ѕверски“, Бостон во финишот подобар од Голден Стејт

Татум

Стеф Кари продолжи да игра фантастично, но неговиот Голден Стејт загуби на гостувањето кај Босон Селтикс (119-114). Иако беше најефикасен со 47 поени и 11 погодени тројки, гостинскиот плејмејкер мораше да го признае поразот против тимот за кој блесна Џејсон Татум со 44 поени. Се играше неизвесно до самиот крај, кога кошаркарите на Бред Стивенс ја направија победничката разлика.

Изненадување приреди Мемфис против Милвоки (115-128), кој важи за еден од фаворитите за највисок пласман. Јанис Антетокумбо се врати со 28 поени и 11 скока, но не помогна да се избегне конечниот резултат.

Лоша вечер имаше и Феникс Санс кој убедливо беше поразен од Сан Антонио Спарс (85-111). Тимот со втор скор на западот немаше свој ден и потклекна пред тимската игра на составот предводен од Грег Попович.

Тандемот Бил - Вестбрук беше најзаслужно за триумфот на Вашингтон против Детроит (121-100). Плејмејкерот оствари нов „трипл-дабл“, а бекот заврши си 37 поени. 

Вучевиќ го водеше Чикаго во победа над Кливленд (106-96).на последниот натпревар од изминатата НБА вечер.

Најнови вести од
НБА, САД