• Иван Димовски
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа важна победа на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс (103-119) и ја продолжија „брканицата“ за што е можно подобар пласман и предност на домашен паркет во плеј-офот на НБА лигата.
- Голден Стејт Вориорс - ЛА Лејкерс:
До победата против немотивиранита „воини“ екипата од Лос Анџелес ја предводеше Леброн Џејмс со 26 поени, 11 асистенции и 8 скока, додека одличен беше и Деандре Ејтон со 21. Во таборот на Голден Стејт се истакна Вилијамс со 17 поени. Интересно е дека Леброн и неговиот син Брони Џејмс во повеќе наврати си асистираа за поени, што е вистинска реткост во професионалниот спорт. Првпат во историјата на НБА син му асистира на својот татко за да поентира.
Bronny LeBron
LeBron BronnyA memorable night for the James family! pic.twitter.com/jM5DtYPg2Q
— NBA (@NBA) April 10, 2026
На останатите терени Торонто го совлада Мајами (128-114), Њујорк беше подобар од Бостон (112-106), Хјустон триумфира со Филаделфија (113-102), а гостински победи забележаа Индијана кај Бруклин (94-123) и Чикаго во Вашингтон (108-119).



