• Мартин Танасковски
Виктор Ташовски ќе се обиде да донесе уште една радост за ТФТ. Еден од најдобрите играчи на тафталиџани го најави натпреварот против Широки Бријег, втор од серијата до две победи во финалето на АБА-2 лигата.
„Го загубивме првиот натпревар, но не и целата серија. Нема да се предадеме, во четвртфиналето бевме во иста ваква ситуација и направивме пресврт на целата серија. Во Широки имавме одличен меч во првите две четвртини, падот ни беше во второто полувреме и се надевам дека ќе се поправиме. Со полна сала и поддршка од трибините, се надевам ќе докажеме дека резултатот од првиот меч е нереален“, изјави Ташовски.
Првата средба во БиХ ја доби Широки Бријег. Серијата се игра до две победи. Мечот меѓу ТФТ Скопје и Широки Бријег се игра во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк во среда од 19:00 часот.

