Ташовски: Мораше од некаде да се почне со победа, дај Боже да стигнеме до ЕП или СП

Македонија ја победи Унгарија (82-75) за крај на претквалификацискиот циклус за Светското првенство кое во 2027 година ќе се одигра во Катар. На средбата со новинарите освен селекторот Илиевски се обрати и кошаркарот Виктор Ташовски. 

„Конечно стигнавме до првата победа, иако можеби требаше тоа да се случи порано. Сепак, од некаде мора да се почне, а тоа е денешната средба. Ова можеиб резултатски не значеше за табелата, но нам како подмладена репрезентација значи многу. Време беше за да се промени репрезентацијата да се подмлади, а дај Боже да стигнеме до пласман на едно големо натпреварување“, изјави Ташовски.

Одигравме фантастичен натпревар со многу енергија во кој покажавме голем карактер, дека репрезентацијата има квалитет кој со тек на време ќе се надоградува