Тасевска во „трипл-дабл“ друштво, рекорд на Вардар и победа со СТО разлика

Кошаркарките на Вардар дојдоа до свој клупски рекорд според бројот на постигнати поени на еден првенствен натпревар од сениорска конкуренција. Реализираа дури 136. поени во дуелот со младинскиот состав на екипата од Делчево (136-35).

Шест домашни кошаркарки завршија со двоен број на поени. Но, вториот момент за паметење, е тројниот ефект на капитенот Елена Тасевска. Репрезентативниот бек на Вардар дојде до учинок од 20 поени, на кои придодаде и 14 скока и 10 асистенции. Имаше и шест освоени топки и пет загубени за само 22 минути во играта и 42 индекс-поени.

На останатите натпревари, Баскет Кам славеше над Бадел 1862 (81-64), Крива Паланка беше подобра од МЗТ Бела Вода (83-48), а претходно Пробаскет го доби дуелот со Спорт Тим (84-63).

На табелата лидер е Крива Паланка со 17 поени, исто толку имаат и Вардар и Баскет Кам.