• Зоран Мишевски

Кошаркарките на ЖКК Вардар стигнаа до уште една победа, откако без проблеми славеа на гостувањето кај Спорт тим во Неготино со 54-84, за скор од седум победи и еден пораз, и враќање на првата позиција, која ја делат со екипите на Крива Паланка и Баскет кам по осум одиграни мечеви во шампионатот на Македонија.
Капитенски одигра Елена Тасевска, која го заврши натпреварот со ефект од 21.поен, на кои додаде и пет скока, три освоени топки и две асистенции. Трајковска запиша 20.поени и по шест скока и додавања, а Николиќ и Пислевска дополнија со по десет поени.
Во домашната екипа која има скор (1-7), прво име бепе Лукиќ, која имаше 24.поени (но и седум загубени топки), а двоен број на поени, вкупно 11, имаше Динова, но и таа загуби доста топки – дури 10.