Тарнер не остана нем на нападите: Ние барем прифативме да играме, не како некои...!

Кошаркарската селекција на САД е една од најголемите разочарувања на Светското првенство во Кина, откако врза два порази во низа, забележа елиминација во четвртфиналето и сега ќе се бори за седната позиција на овој собир. 

Американските кошаркари добија бројни критики на своите адреси, а имун на истите не остана Мајлс Тарнер кој им одговори на незадоволните фанови.

„Никој не е разочаран од нас – кошаркарите и целиот стручен тим. Затоа нема да останам нем на сите критики и напади кон нас. Сигурно не ви грижа што го жртвувавме цело лето, своето семејство и своето тело. На сите ни беше напорно, но не се предадовме, а некои други не сакаа да бидат во тимот од свои причини. Не сакам да барам алиби за неуспехот, но не бевме комплетни“, рече Тарнер. 

САД во борбата за седмата позиција ќе се судри со селекцијата на Полска, која вчера беше поразена од Чешка