Тампере трет град домаќин на Евробаскетот во 2025 година

По принципот на последните две Европски првенства во кошарка, и следниот континентнален собир ќе се одржи во повеќе земји. Финска, Летонија, Полска и Кипар добија доверба од европскиот огранок на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), да го организираат Евробаскетот во 2025 година.

Фински Тампере ќе биде еден од четирите градови домаќини на групната фаза од шампионатот. Натпреварите ќе се играат во „Тампере Дек Арена“, која има капацитет од 11.000 седишта, која беше отворена во 2021 година. Финска вторпат во историјата ќе биде кодомаќин на Европско првенство во кошарка, по завршниот турнир во 2017 година на кој една од групите се играше во Хелсинки.

„Турнирот во Хелсинки беше за паметење. Ќе ни претставува големо задоволство и чест истото да го повториме во Тампере. Овој град покажа дека е способен да организира високо квалитетни меѓународни настани‘, изјави директорот на локалниот Организациски одбор, Ари Тамивара.

Тампере им се приклучи на Рига и Лимасол како сигурни домаќините на шампионатот.