ВИДЕО: Талентите на САД подобри од оние од остатокот на светот, Дончиќ со деби на „Ол-старот“

Дончиќ НБА

Младите ѕвезди на САД беа подобри од ѕвездите од остатокот од светот (151-131) на првиот ден од „Ол-стар“ викендот во Чикаго.

Натпреварот донесе недостаток на одбрана, а завршницата се претвори во неофицијален натпревар во забивање. На крај, американските таленти беа поуспешни од своите противници со одлична игра во второто полувреме.

Најефикасен на теренот беше дебитантот од Њујорк, Ар-Џеј Берет, со 27 поени, а во победничката екипа се истакна членот на Голден Стејт, Ерик Паскал, кој заврши со 23 поени.

За МВП на натпреварот беше избран Мајл Бриџес од тимот на САД, кој постигна 20 поени и имаше неколку атрактивни потези со кои ја крена публиката на нозе.

Клучот на победата беше третата четвртина и предноста на американскиот тим од 44-24.