Талентираната Николиќ ќе ја продолжи кариерата во Италија

Македонската кошаркарка Матеа Николиќ од наредната сезона ќе игра во Италија, во редовите на екипата на Молисана Магнолија Кампобасо.

195-сантиметри високата тинејџерка доаѓа како пријатно освежување на екипата од шпанска Енсино Луго.

„Среќна сум што можам да бидам дел од екипата на Молисана Магнолија, бидејќи верувам дека ова за мене ќе биде искуство кое ќе ме направи зрела и како играч и како личност и затоа го прифатив повикот на клубот со голем ентузијазам“, изјави нашата кошаркарка.

18-годишната Николиќ важи за еден од најперспективните таленти на Македонија.