Тајвански бизнисмен плаќа рекордни 2,35 милијарди за Бруклин Нетс

Саи

Екипата на Бруклин Нетс наскоро ќе добие нов сопственик. Тајванскиот милијардер Џозеф Саи ќе плати рекордна сума на пари за да добие целосна сопственост од досегашниот газда, Русинот Микаил Прохоров.

Најскапата инвестиција во спортскиот свет ќе изнесува 2,35 милијарди долари. Досега Саи контролираше 49% од НБА франшизата, а сега планира да ги откупи останатите 51% за да има целосна контрола.

Оваа зделка ја надминува онаа која што ја плати Давид Тепер (2,2 милијарди), за да го купи НФЛ клубот Каролина Пантер и бизнисменот Тилман Фертита кој плати идентична сума за да стане сопственик на НБА тимот Хјустон Рокетс.

Според реномираниот магазин „Форбс“, Саи располага со богатство од околу 9,3 милијарди долари.