Тајрис Рајс се враќа во Евролигата, ќе игра за Панатинаикос

Екипата на Панатинаикос добива големо засилување за наредната сезона, затоа што потпиша договор со 32-годишниот Тајрис Рајс.

Американскиот плејмејкер настапуваше во Бундеслигата каде играше за Бамберг, меѓутоа Панатинаикос реши да го донесе во својот тим. Двете страни се влезени во финална фаза на преговори, а Рајс за престојот во Грција ќе добие нешто околу 350.000 евра.

Рајс покрај за Бамберг настапуваше и за Барселона, Химки, Макаби Тел Авив, Баерн Минхен, Литвос Ритас, Артланд Драгонс и Паниониос, а исто така имаше и кратка авантура во Кина.

Американецот како натурализиран кошаркар го носеше и дресот на репрезентацијата на Црна Гора.