• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен ја загубија мајсторката за титулата во германската ББЛ лига од Алба Берлин со 81-84.
Иако важеа за голем фаворит во својот дом во „БМВ Парк“ во Минхен, сепак гостинската екипа имаше повеќе нерви кога беше најважно. Алба во завршницата одигра одлично, па драмата на крајот заврши со славје на момците во жолти дресови.
Баерн може да жали бидејќи имаше неверојатни „плус 20“ во првото полувреме кои ги прокоцка. На крајот имаа и неколку напади за победа, ама не ги искористија.
Димитријевиќ го заврши мечот со скромни шест поени. По крајот на средбата Македонецот беше видно разочаран и емотивен пред камерите.

