Светскиот спорт во рецесија, а газдата на Клиперси си купи нова арена!

Прекинот на сезоната и големите финансиски загуби ги загрижуваат сите клубови ширум светот. Се кројат планови како да се преброди овој период од два-три месеци и голем дел од клубовите на стариот континент најавуваат рецесија. 

Американскиот тајкун Стив Болмер, сопственик на НБА тимот Лос Анџелес Клиперс, не размислува за криза, туку дополнително инвестира. Прекинот на сезоната во НБА лигата, Болмер го искористи да купи арена, за Клиперси да си заминат од „Стејплс центар“, сала која ја делат со градскиот ривал Лос Анџелес Лејкерс

Болмер вложил 400 милиони долари во арената „Форум“ во Инглвуд, локација во јужнозападниот дел од Лос Анџелес. Компанијата „Медисон Сквер Гарден“ беше сопственик на старата арена „Форум“, но Болмер успешно изменаџирал продажба и наскоро започнува финалното реновирање на објектот, за наскоро да стане дом на Клиперси.

Арената „Форум“ има капацитет од 18.000 седишта, а покрај спортските настани во иднина ќе се користи и за културни и забавни манифестации. Објектот е изграден во далечната 1966 година и најпрво беше дом на Лoс Анџелес Лејкерс. Покрај кошарката, во оваа арена се играле огромен број спортови, меѓу кои и хокејот. „Форум Арена“ преку 30 години беше сала каде натпреварите ги играа Лос Анџелес Кингс, екипата која настапува во ХНЛ лигата.