Суспендираниот Дорт се извини за „непотребниот“ фаул врз Никола Јокиќ

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Лу Дорт, се извини поради фаулот врз центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, кој се случи на нивниот натпревар во НБА лигата, признавајќи дека потегот бил непотребен.

Дорт доби исклучување и суспензија од десет натпревари, по што реши да упати извинување, со објаснување дека „никогаш не бил валкан играч“. 

По изрекувањето на суспензијата, дефанзивецот на Оклахома изјави дека претерал во таа ситуација и дека не требало да реагира на таков начин. Тој нагласи дека дуелите со српскиот центар секогаш се физички тешки, но дека не било ништо лично против него. 

Тренерот на Денвер претходно го оцени потегот како „валкан“, со што Дорт делумно се согласи, признавајќи дека контактот бил непотребен. Сепак, тој истакна дека неговата улога во тимот е да ги чува најдобрите играчи и дека поради цврстата игра понекогаш остава впечаток дека игра грубо.

Дорт додаде дека не се смета за груб играч, туку дека само се обидува да ја исполни својата дефанзивна задача на теренот.