• Саше Љолес
Екипата на ЦСКА Москва го освои првиот трофеј сезонава, откако славеше во финалето од Суперкупот на ВТБ лигата против Уникс Казан со резултат 87-72.
„Армејците“ комплетно ја прикажаа својата сила и не дозволија никакво изненадување, а убедливата победа беше најавена уште во првата четвртина која ја добија со резултат 22-9. Одличен настап за ЦСКА имаше и новото засилување, Алекса Аврамовиќ, кој на крајот ја доби и наградата за најкорисен кошаркар на турнирот (МВП).
Српскиот репрезентативец просечно бележеше по 14,3 поени, 6,1 асистенции, 2,7 скока и 1,3 украдени топки. Тој воедно се најде во идеалната петорка, заедно со Урош Плавшиќ, Би Џеј Џонсон, Керем Конан и ДеВон Акон Пурсел.