Супер-засилувањето на Зенит сериозно се повреди на дебито

Американскиот кошаркар Шабаз Напиер заработи сериозна повреда која ќе го одвои од терените неколку месеци. Поранешниот НБА играч, 24-ти пик на драфтот во 2014 година, се повреди еден ден по неговото деби за руски Зенит.

Некогашниот најдобар кошаркар на колеџ турнирите и двократен шампион на НЦАА постигна 33 поени во првиот натпревар во саботата, а веќе во понеделникот му беше дијагностицирана тешка повреда на скочниот зглоб.

Лигаментите на Напиер се оштетени, по само 30 секунди од  финалето на Суперкупот против ЦСКА Москва (73-81). Сепак, добрата вест е дека нема фрактура, па затоа не е неопходна операција. Сепак, должината на заздравувањето за Американецот уште не е позната, па Зенит најверојатно ќе мора да бара замена за Напиер, бидејќи Евролигата започнува на 30 септември (Зенит ќе гостува кај Уникс на 1 октомври).

Напиер пристигна во Европа по шест сезони во НБА лигата, каде играше за Мајами Хит, Орландо Меџик, Бруклин Нетс, Минесота Тимбервулфс и Вашингтон Визардс.