Супер-засилување во Гостивар, потпиша репрезентативецот Маслинко!

Еден од најкошаркарските градови во Македонија, Гостивар, го подигна ентузијазмот со доведувањата на летните засилувања. Последното е големо изненадување, бидејќи се очекуваше дека гостиварчани не може да стигнат до македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко.

Сепак, вечерва клубот објави дека високиот репрезентативец стави потпис на договорот со некогашниот шампион и на крајот на месецот ќе ги започне подготовките. 

Маслинко потпиша договор на една сезона, оставајќи зад себе одлична сезона со освоен Куп на Македонија во дресот на ТФТ Скопје. Првакот МЗТ Скопје ја предводеше групата на тимови кои се интересираа за крилниот кошаркар, но на крај Гостивар победи во трката.

Гиорги Корсантиа пред неколку дена потпиша за екипата на Александар Јончевски, а Гостивар задржа голем дел од кошаркарите кои играа минатата сезона.