• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Марко Луканоски со добриот настап на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Скопје на кое јуниорите на Македонија стана шампиони си заработи и добар трансфер.
Кошаркарот кој е роден во 2006 година и настапува на центарската позција направи трансфер во еден од учесниците во регионалната АБА-лига.
Луканоски потпиша повеќегодишен договор со босанскиот тим Игокеа. Заради неговата возраст, за старт ќе биде дел од У19-тимот кој игра во јуниорската АБА-лига.
Луканоски доаѓа во Игокеа од екипата на Вардар, а претходно настапуваше за младинскиот тим на белградски Партизан и италијанската екипа Басано.