• Саше Љолес

Кошаркарите на Пелистер го совладаа тимот на Маџари со конечни 83-99 во четиринаесеттото коло на македонската Суперлига, бележејќи го десеттиот триумф сезонава.
- Комплетниот натпревар помеѓу Маџари и Пелистер:
Гостите од Битола подобро го отворија натпреварот и стигнаа до +5 по првите десет минути, но Маџари возврати со одлична втора четвртина, која ја доби со девет поени разлика. На паузата резултатот гласеше 54-50 во корист на домаќинот.
Се разбудија гостите на стартот од второто полувреме, заиграа подобро и ја вратија предноста, но победникот мораше да биде решен во последната четвртина. „Побегнаа“ пелистерци на +6 во 34. минута, а потоа дојдоа и до двоцифрена предност, со што го најавија походот кон победата.
Домаќинот полека ги губеше силите за евентуално изненадување и на крајот загуби со конечен резултат 83-99. Најдобар поединец во победничкиот тим беше Бобан Стајиќ со 26 поени, Никола Малешевиќ имаше два помалку, а во редовите на Маџари одличен беше Амар Хот , кој беше најефикасен играч на мечот со 28 поени и осум скокови.












