• Зоран Мишевски
Голден Стејт имаше победа в џеб, но најдобриот светски кошаркар не им дозволи да слават. Кога Голден Стејт водеше со 115-107 на две и пол минути до крајот на натпреварот, малкумина веруваа дека Денвер може да направи пресврт.
Но, Нагетси го имаат Никола Јокиќ. Србинот речиси сам може да го сврти тимот и да совлада гигант како оној што го води Стив Кер од клупата. Јокиќ најпрво погоди два поени, по што следеше две слободни фрлања на Мареј, а потоа Србинот уште еднаш беше прецизен за израмнување (115-115), на 79 секунди до крајот. Покрај сето тоа, Јокиќ одигра фантастична одбрана, успеа да го блокира Каминг во клучните моменти, а потоа и да изнуди фаул на 14 секунди пред крајот. Српскиот ас ладнокрвно уфрли две слободни фрлања за конечни 119-115. Претходно, Голден Стејт имаше +11 во последната четвртина (109-98), но и тоа не беше доволно гостите да остварат голема победа. На крајот Јокиќ беше играч на натпреварот, со фантастичен учинок, постигнувајќи 38 поени, заедно со десет скока и шест асистенции.
Во победничкиот тим се истакнаа и Портер со 22, Гордон со 15 и Мареј со 12 поени. На другата страна подобри од останатите беа Кари со 24, како и Каминг со 19 поени.
Филаделфија на гости го совлада Шарлот со 10110 и со тоа на домашниот тим му го нанесе шестиот последователен пораз. Пол Џорџ беше најефикасен во тимот на Филаделфија со 29 поени, Тајрис Макси постигна 21, додека Џеред Мекејн запиша 17 поени. Во тимот на Шарлот подобар од останатите беше Брендон Милер со 34 поени, Ник Ричардс оствари „дабл-дабл“ со 22 поени и 14 скока, а Василије Мициќ постигна пет поени, а имаше и два скока и две асистенции. Двата тима се на дното во Источната конференција.
Далас на домашен терен го победи Мемфис со 121-116 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на НБА Купот. Мемфис водеше со 15 разлика на почетокот на последната четвртина, но потоа Далас успеа да направи пресврт и да ја оствари петтата последователна победа. Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше најефикасен во тимот на Далас со 37 поени. Пи Џеј Вашингтон постигна 18 поени, со осум скока и седум асистенции, а Дерек Лајвли запиша 17 поени и 11 освоени топки. Џа Морант со 31 поен се истакна кај гостинскиот тим,
Победи на домашен терен забележаа и Њујорк Никс, Торонто, Оклахома, Феникс, Сакраменто и Лос Анџелес Клиперс. Никс го совладаа Орландо со 121-106 и ја забележаа третата последователна победа. Торонто ја совлада Индијана со 122-111, додека Оклахома беше убедлива против Јута со 133-106. Во Аризона, Феникс го победи Сан Антонио со 104-93, Сакраменто го надигра Хјустон со 120-111, а Клиперси го победија Портланд со 127-105.