Судбината на мак-баскетот ќе се крои идната седмица, се чека на УО?

Македонската кошарка моментално е во прекин поради ситуацијата со коронавирусот во земјата, а судбината околу првакот, испаѓањето и слично ќе се крои идната седмица кога се очекува да се донесе важната одлука.

Управниот одбор (УО) според статутот е прво тело на федерацијата и се очекува да го има главниот збор околу целата состојба. Клубовите веќе имаа состаноци преку видео-конференции и разговараа што и како да се прави понатаму, меѓутоа статутот вели дека без УО, не може да се донесе најважната одлука.

Некои од клубовите се да се прогласи првак според актуелната состојба и да нема испаѓање, некои се за поништување, па така, се чека на состанок на одборот да се одлучи иднината. Според првичните информации, седница ќе има наредната седмица и ќе се разговара за одлука.

Член 44 во Статутот гласи дека УО може полноправно да одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половина членови. УО го свикува претседателот, во случајот Перо Антиќ, а одлука се носи со мнозинство на гласови. Доколку Управниот одбор не може да дојде до решение за ситуацијата во мак-баскетот, тогаш ќе се свика највисокиот орган, тоа е Собранието, составено од членови-претставници на Прва лига, Втора лига (мажи и жени), Трета лига мажи, Здружение на младински...

Лидер во прволигашката конкуренција е МЗТ Скопје, од чии редови очекуваат да се прогласени за шампиони, затоа што веќе е одигран речиси цел прв дел од сезоната. Дилема е дали ќе има испаѓање, односно дали ќе следи проширување, а одговор на тие прашања се очекуваат следната седмица.

Кошаркарските шампионати во Македонија се во прекин, на неопределено време.