Струмица се засили со тројца странци, цел е опстанок во Првата лига

Кошарка-Прва-македонска-лига

Струмица, членот на Првата кошаркарска лига, донесе три нови засилувања и најави дека амбициите оваа сезона на тимот се опстанок во најелитното друштво.

Новајлии во тимот се Ефтимос Димитрополус од Грција, како и Дејан Пејиќ и Петар Јокиќ од Србија. Покрај новите играчи, обновени се договорите со Ефтим Богоев, Душан Макенџиев и Милан Абазовиќ, а прв тренер на тимот останува Златко Зетов. 

„Активно се подготвуваме за настапот десет дена. Планирани се уште тројца нови кошаркари на позициите 4 и 5, а со овој ростер, амбициите се да опстанеме меѓу најдобрите“, вели Златко Зетов.

Ефтимос Димитрополус има 23 години и настапува на крилната позиција, додека Дејан Пејиќ и Петар Јокиќ играат на бековската, односно крилната позиција. Помошници на првиот тренер оваа сезона ќе му бидат Перо Настев и Столе Христов.