• Зоран Мишевски

Веќе извесно е кои екипи следната сезона ќе играат во понизок ранг на натпреварување. Струмица и Куманово, кои одиграа сезона за заборав, вечерва се сретнаа во дуел за престиж. Во празниот амбиент на спортската сала „Парк“ во Струмица, домаќинот славеше со 124-108, во рамките на шестото коло од плеј-аутот.
За лесниот домашен триумф пресуди искуството со оглед на тоа што Куманово на овој натпревар настапи со комплетно младински тим.
- Комплетниот натпревар меѓу Струмица и Куманово:
Сезоната во македонската кошаркар е пред самиот крај, а викендов започнува разрешувањето и на последната дилема - борбата за шампионската титула меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.