• Зоран Мишевски

Екипите кои на хартија важеа како фаворити во Првата македонска лига, полека но сигурно ги потврдуваат тие најави. Во прв ред, тоа се однесува за екипите на Вардар и на Струмица ФМП кои имаат максимален ефект по три одиграни кола во оваа конкуренција
Вардар го совлада Охрид со 88-70, во дуел во кој водеше во текот на целиот натпревар. Ѓорѓевиќ даде 17, Младеновски 16, Митревски 14, Данев и Стојановски имаа по 13, а Терзиевски уште 12 поени. Кај Охрид, Грбовиќ постигна 14, Бојоски 12, Василевски 11, а Челик запиша 10 поени.
Црн Дрим беше убедлив против Младинец и го совлада со 95-78. Шабани и Камилоски постигнаа по 18 поени, додека Ѓоровиќ додаде уште 14. Во гостинската екипа, Мантев беше автор на 23 поени, додека Шуменковски дополни со уште 15 поени.
Прва лига (м)
Група А
Трето коло:
Црн Дрим – Младинец 95-78
Вардар – Охрид 88-70
Слободен: Тетекс ТТК
Прва лига (м)
Група Б
Трето коло:
Спортисимо – Струмица ФМП 45-102
Струмица Ролинг – Бутел 81-103
Слободен: Борец баскет